Сончогледи
Детскиот креативен центар “Сончогледи” е катче во кое најмладите учат да го осознаваат светот преку интерактивни работилница за јазична писменост, креативно размислување и личен развој, комуникација и игра; ги развиваат своите уметнички способности, вежбаат јога и пантомима.
Со цел да создадеме свесни и здрави индивидуи кои храбро ќе чекорат во животот, нашата програма за деца од 5 до 12 години се фокусира на креативноста.
Роденденски пакети
Сите пакети вклучуваат:
- Користење на просторот 2 часа
- Креативни материјали
- Музика, светла и реквизити
- Водител / Педагог / Аниматор
* Храна, торта, пијалоци и прибор обезбедуваат родителите.
Арт роденден I – ГОЛЕМИ МАЛИ УМЕТНИЦИ
Сликање и цртање на тема по желба на славеникот со употреба на разни ликовни техники, под водство на ликовен педагог. На роденденот, секое дете си избира лик од понудените и црта своја верзија од истиот, воден од ликовен педагог кој му дава насоки и покажува неколку едноставни техники за цртање ликови – облици, изрази, бои, употребувајќи различни техники – водени боички, темпера, пастел.
За помалите деца или по желба, постои опција за боење на ликови. Се користат боички, фломастери, водени бои, четки.
Секое дете го носи дома своето уникатно уметничко дело. Родендените со цртање им нудат на децата незаборавно креативно доживување каде покрај самата забава низ игра, бои и дружење ја развиваат својата фантазија, самодоверба и љубов кон уметноста. Забавниот дел вклучува мини диско + караоке + игри.
- Пакет S (до 15 деца) 7.500 МКД
- Пакет M (15 до 25 деца) 9.000 МКД
- Пакет L (25+) 11.000 МКД
Арт роденден ΙΙ
Создавање фигури од полимерна глина која се суши на воздух на тема по желба на славеникот под водство на ликовен педагог.
На роденденот бираме креативна тема според желбата на детето. Децата ги прават своите фигури, водени од ликовен педагог, и потоа ги оставаат да се сушат на воздух. По сушењето, малите фигурки ги добива секое дете како подарок за дома. Секое дете го носи дома своето уникатно уметничко дело. Овој тип на роденден покрај самата забава ја поттикнуваат детската фантазија, фината моторика и чувството на гордост додека децата сами изработуваат интересни и уникатни предмети. Забавниот дел вклучува мини диско + караоке + игри.
- Пакет S (до 15 деца) 7.500 МКД
- Пакет M (15 до 25 деца) 9.000 МКД
- Пакет L (25+) 11.000 МКД
Пантомима роденден
Нашиот пантомимичар со долгогодишно искуство ги воведува децата во магијата на движењето и изразот без зборови.
По настапот на пантомимичарот, преку забавни игри, импровизации и мини сцени, тие учат како да „зборуваат“ со телото, да соработуваат и да се ослободат од трема. Се смеат, се изразуваат и уживаат во заедничка креација – каде сите се ѕвезди на сцената!
Креативниот дел се состои од:
- Интерактивна театарска работилница со пантомимичар
- Игри за изразување, глума и невербална комуникација
- Кратки сценки со улоги за секое дете
- Финален „мини настап“
Забавниот дел вклучува мини диско+ караоке+игри
Универзален пакет: 9.000 МКД
Родендените со пантомима им овозможуваат на децата низ смеа, движење и глума да ја развиваат својата креативност, самоувереност, изразување и тимска комуникација на забавен и незаборавен начин.
Термини
- Понеделник и четврток: 19:30 – 21:30 ч.
- Вторник, среда, петок: 18:00 – 20:00 ч.
- Сабота и недела: 12:00 – 14:00; 15:00 – 17:00; 18:00 – 20:00 ч.