Ние, како и сите вие сме родители, кои се радуваат бескрајно на родендените на своите деца. За жал, низ годините, периодот кога треба да се прослави роденденот најчесто бил исполнет со притисок и страв. Притисок околу локацијата, децата, храната и бројот на гостите. Страв поврзан со тоа дали ќе се најде соодветно место, дали ќе биде надвор или внатре, дали ќе биде ресторан или игротека итн. Соочување со бескрајни телефонски разговори со локациите кои не се секогаш достапни. Честопати игротеката што е мапирана на дигиталните мапи е веќе затворена. Ако треба да ја посетиме локацијата, работното време не ни дозволува секогаш да го направиме тоа. Сето тоа создава немир и стрес, ресурси како гориво и сообраќајни гужви, за нешто што треба да биде забава и уживање за сите.
Нашата мисија
Поучени од нашето искуство, се потрудивме да креираме платформа со која ќе си помогнеме полесно да најдеме локација и да организираме роденденска забава. Откако тоа се покажа како добро решение за игротеките и родителите кои бараат место за прослава, одлучивме да им помогнеме на сите родители (сегашни и идни) полесно и побрзо да ја организираат совршената забава за своите најмили
Роденденска.мк го олеснува животот на родителот на следниов начин:
- Немате никаков дополнителен трошок при резервирање на термин – ни екстра пари, ни екстра време, ни екстра гориво;
- Го скратува времето за наоѓање соодветна локација;
- Ги исклучува телефонските јавувања;
- Не се ориентира по работно време за да се резервира простор;
- Сите дополнителни услуги се достапни на едно место;
- Преку фотографија, видео и опис добивате појасна слика за местото или услугата.
Полесно до забава
Најдете ја локацијата или услугата што Ви е потребна на нашата веб платформа.
Од календарот го избирате датумот и времето што е достапно како термин.
Испраќате барање за резервација и откако е одобрено, го плаќате капарот.
Можете да го направите тоа на компјутер, таблет или мобилен телефон и вашиот термин е резервиран. Со нашето решение, организирањето на роденденска забава е лесно, брзо и без стрес.