Детскиот роденден е еден од најочекуваните денови во годината. Децата ги бројат деновите, размислуваат кого ќе поканат, каква торта сакаат и каква ќе биде забавата. За нив, роденденот значи возбуда, другарчиња, игра и смеа.

Така, денот што треба да биде исполнет со радост лесно може да се претвори во неколку недели организација и стрес.

Но, дали наавистина мора да биде така?

Прво изберете каква забава ќе го израдува вашето дете

Не постои едно совршено место за секој детски роденден. Некои деца сакаат трчање, игра и музика. Други сакаат спорт и натпреварување. Некои уживаат во креативни активности, цртање, научни експерименти, а за поголемите деца класичната игротека можеби и не е најинтересниот избор.

Затоа, пред да започнете со потрагата, разговарајте со детето. Што би го направило неговиот роденден посебен?

Кога го знаете одговорот, изборот станува многу полесен. Наместо да разгледувате десетици различни места, можете да се фокусирате само на оние што одговараат на возраста и интересите на вашето дете.

На крај, најдобрата роденденска забава не е онаа што изгледа најубаво на фотографија, туку онаа од која детето ќе си замине со огромна насмевка и задоволно.

Одредете го буџетот пред да започнете со „предизвикот организирање на роденденска забава“

Еден од најчестите извори на стрес за родителите е токму буџетот. Место, храна, пијалоци, торта, декорации, аниматори, музика, фотографирање… Малите дополнителни трошоци лесно се собираат и значително влијаат на крајниот износ. Затоа однапред одредете буџет и поделете го на неколку категории.

На време резервирајте го терминот за забавата

Популарните места и најбараните термини можат да бидат веќе резервирани од други. Затоа една од најдобрите работи што можете да ги направите за роденден без стрес е навреме да започнете со организацијата. Кога сме го избрале местото и резервирале терминот, половина од притисокот исчезнува.

Не мора сè да направите сами

Понекогаш родителите си поставуваат тешка задача, да ја најдат локацијата, да организираат кетеринг, да порачаат торта, да ја смислат декорацијата, да најдат аниматор итн. Роденденот не е тест на организациските способности на родителите. Дел од работите препуштете им ги на оние кои професионално се занимаваат со нив.

Токму ова е прашањето што стои зад идејата на rodendenska.mk

Наместо пребарување на десетици Instagram I Facebook профили, телефонски јавувања и прашања за цени и слободни термини, сакаме организацијата на детски роденден да биде многу поедноставна. На едно место да можете да разгледате различни места за роденденска прослава, игротеки, спортски и едукативни активности, аниматори, торти, кетеринг, декорации и други додатоци што можат да ја направат забавата посебна и незаборавна.

  • Да споредите.
  • Да изберете.
  • Да резервирате.

Технологијата треба да ни заштеди време, нерви и пари, за да можеме да се посветиме на работите што навистина се најважни.

Децата ни се најважни.

Најави се

Регистрирај се

Reset Password

Ве молиме да го внесете корисничкото име или е-пошта, ќе добиете линк преку кој ќе треба да креирате нова лозинка.