Детските родендени се момент на радост, торта и забава, но и можност децата да создадат нешто свое, нешто што ќе остане како спомен и ќе ја поттикне нивната креативност. Наместо класична забава со игри и музика, замислете роденден што се претвора во мала работилница, каде секое дете ќе понесе дома уникатна ракотворба што ја изработило со своите вредни рачиња. На таков роденден секое дете станува мал уметник и си заминува дома со уникатна ракотворба што самото ја изработило. Секое дете ниже свои спомени преку тимски дух, споделување, инспирација и заеднички цели.
Ние на Роденденска.мк нудиме во својата понуда и ваков концепт, организирани креативни забави што ги спојуваат забавата, едукацијата и уметноста во едно незаборавно искуство.
Зошто ракотворби на роденден?
Креативните родендени се осмислени како workshop/работилници за деца, со јасна структура и многу креативна енергија во неколку кратки сегменти. На почетокот, децата најпрво се запознаваат со материјалите преку аниматор кој им покажува каков тип на изработка ќе биде дел од организацијата на роденденот (гипсани форми, пластелин во различни бои, плетени елементи, кукли од хартија). Аниматорот е задолжен да го привлече вниманието на децата, да ги организира и да ги повика слободно без страв и оптеретување да ја ослободат својата креативна страна. Понатаму продолжуваат со креативна работа, каде секое дете избира што сака да изработи од понудени неколку опции. Дополнително може славеникот може да одбере тема па сите деца да работат со иста креативна техника, но секој по свој избор на бои и материјали од понудените. Тука децата може да играат со бои, материјали, форми, различни структури и имагинација. Заклучниот дел на креативниот процес се одвива како презентација и подароци каде децата ги покажуваат своите дела на аниматорот, а секое дете ја понесесува и ракотворбата дома.

Креативната работа и имагинацијата се најдобар начин за учење преку игра, децата не се ни свесни дека учат нешто ново бидејќи целиот процес се одвива преку забава. Дополнително се мотивирани и посветени на ракотворбите бидејќи изработуваат и подарок кој може да го понесат дома, па така ракотворбите за роденден се добра идеја бидејќи поттикнуваат:
- Креативност и учење: Децата до 10 години се во период кога најмногу учат преку игра и експериментирање. Ракотворбите им даваат можност да ја развиваат моториката, концентрацијата и фантазијата.
- Спомен што трае: Наместо само фотографија или подарок, секое дете ќе има нешто што самото го направило (гипсана фигура, пластелинска скулптура или плетена изработка).
- Мирна и организирана атмосфера: За разлика од динамичните игри, работилницата создава средина каде децата се фокусирани и смирени, а родителите имаат повеќе контрола врз текот на забавата.
Што сè вклучуваат ракотворбите од нашите објавувачи?
Понудата за креативни активности содржи разноврсни материјали кои се прилагодени на возраста на децата:
- Гипсани фигури: Животни, срца, ѕвезди или букви кои децата ги бојадисуваат со квалитетни и безбедни темперни бои.
- Пластелински скулптури: Мекиот пластелин им овозможува на децата да направат минијатурна куќичка, цвет, омилено животно или лик од омилениот цртан филм.
- Плетени украси и нараквици: Со помош на едноставни и забавни техники, децата создаваат шарени плетенки, украсни приврзоци или мали нараквици за пријателство.
Совети за мајките и родителите

- Безбедноста на прво место: Без исклучоци проверувајте и избирајте материјали што се безбедни, нетоксични и лесни за чистење од облеката и рацете.
- Времетраење од максимум два часа: Децата до 10 години брзо губат концентрација, па работилницата од 40 до 50 минути е соврешено темпо во рамки на двочасовниот роденден. Доколку децата се тинејџери работилницата може да трае и 50 до 60 минути.
- Вклучете професионален аниматор: Аниматорите од Роденденска.мк ја водат целата работилница, им помагаат на децата и ги поддржуваат во секој чекор од изработката.
- Осигурете се секое дете да понесе готов производ: Готовата ракотворба е најубавиот и највредниот спомен што детето го зема со себе.
Заклучок
Роденден со ракотворби е повеќе од роденденска забава. Ваквите родендени се искуство што ги поттикнува децата да создаваат, да учат и да се гордеат со своите дела. Благодарение на поддршката и концептите на Роденденска.мк, родителите добиваат мирна, совршено организирана и безгрижна атмосфера, а децата незаборавен спомен што ќе го чуваат долго во своите соби.
Со ваков концепт, роденденот станува мала уметничка авантура и радост за децата, инспирација за родителите, но и зближување со креативната страна на децата.

СтеЛа пластер фигури
Роденденот претворете го во детска работилница каде боите и четките се храна за детската фантазија.

Подари подарок 2024
Направете го роденденот на вашето дете незаборавен со креативна авантура! ✨

Доситеј воркшоп
Изработуваме гипсени фигури и креативни сетови за родендени, игротеки, градинки и различни детски настани.

Подарок 2025
Нашата понуда е специјално наменета за групни активности за роденден.