Вовед

Веб пазарот rodendenska.mk е сопственост на Моја Музика ДООЕЛ наменета за игротеки што можат да понудат слободни термини и услуги за прослави на родендени и корисници кои можат да ги резервираат слободните термини со плаќање на одреден надомест.

Rodendeska.mk ви нуди можност за пристап до сите информации објавени на самата веб-страница.

На веб-страницата како регистриран корисник можете детално да ја погледнете понудата и да оставате зебелешки, да праќате пораки до игротеките, без обврска за плаќање. 

Забрани

Забранета е секаква злоупотреба на содржината објавена од игротеките и другите корисници што не е во согласност со условите за користење.

Забрането е објавување на материјали со кои се врши клевета, на навредливи, лажни, заканувачки, вулгарни, порнографски материјали, или на материјали кои на кој било начин поттикнуваат на кривично или противзаконско дело.

Забрането е изразување на меѓуетничка нетрпеливост, дискриминација по родова или сексуална определба, како и злоупотреба на лични податоци на деца и лица кои се, биле или не се регистрирани на нашата веб-платформа.

Забрането е лажно претставување и објавување неточни податоци поврзани со игротеката или податоци за славеникот. 

Забрането е користење на rodendenska.mk за пропагандни цели.

Забрането е користење на rodendenska.mk за какво било препродавање на производи и други услуги што не се поврзани со роденденска забава.

Забрането е поставување вируси и сите видови компјутерски кодови, датотеки и програми кои на каков било начин можат да ја оштетат веб-страницата или да ја преземат контролата над истата.

Одговорности

Нашите уредници и одговорните лица позади игротеките го задржуваат правото навредливите или лажните материјали да ги отстранат од веб-страната без претходно да го предупреди корисникот или објавувачот на игротеката.

Нашата платформа можете да ја користите информативно, како и за изнајмување термини и комуницирање со објавените игротеки и дополнителни услуги поврзани со истите.

Одговорноста за достапноста на слободните термини, уредувањето на цените за изнајмување и информациите за објавената игротека ја презема објавувачот или одговорното лице што ја креирало објавата и регистрацијата на локацијата (игротеката). 

Вие самите носите одговорност за да ја проверите, изберете и побарате резервација за слободен термин во директна комуникација со обајвувачот на игротеката или со нашите администратори.

Плаќање и рефундирање

Рефундирање на уплатените средства е можно доколку обајвувачот се претставува во лажно име, се служи со измама и не е вистински претставник на објавената игротека.

Пред да уплатите капар или други уплати за изнајмување на терминот од игротеката треба да добиете потврда од одговорното лице дека терминот е слободен и достапен за резервација.

Нема ограничување колку однапред денови да се резервира термин и нема ограничување за изнајмување на бројот на достапни термини во еден ден.

Достапност и користење

Обврзани сте да ги почитувате законите и прописите. Содржината на апликацијата не  смее да се модифицира, дистрибуира, репродуцира, продава и копира.

Платформата rodendenska.mk е достапна 24 часа, 7 дена во неделата. Вонредно, продажното место може да биде недостапно заради техничко одржување или поради непредвидливи околности кои се надвор од  контролата на нашите администратори.

Со користењето на оваа веб-страница се согласувате, односно ги прифаќате одредбите од Условите на користење за корисник на www.rodendenska.mk. Доколку не се  согласувате со политиката, Ве молиме да не ја користите веб-страницата и веднаш да ја напуштите.

Овие услови може да бидат променети во секое време и затоа Ве советуваме редовно да ја проверувате. Во некои случаи ќе бидете соодветно известени.

Ви треба помош?

Контактирајте не преку контакт страницата или на телефонскиот број 075 407 887.

Логирај се

Зачлени се

Reset Password

Ве молиме да го внесете корисничкото име или е-пошта, ќе добиете линк преку кој ќе треба да креирате нова лозинка.