Вовед
Веб пазарот rodendenska.mk е сопственост на Моја Музика ДООЕЛ наменета за игротеки што можат да понудат слободни термини и услуги за прослави на родендени и корисници кои можат да ги резервираат слободните термини со плаќање на одреден надомест.
Rodendeska.mk ви нуди можност за пристап до сите информации објавени на самата веб-страница.
На веб-страницата како регистриран корисник можете детално да ја погледнете понудата и да оставате зебелешки, да праќате пораки до игротеките, без обврска за плаќање.
Забрани
Забранета е секаква злоупотреба на содржината објавена од игротеките и другите корисници што не е во согласност со условите за користење.
Забрането е објавување на материјали со кои се врши клевета, на навредливи, лажни, заканувачки, вулгарни, порнографски материјали, или на материјали кои на кој било начин поттикнуваат на кривично или противзаконско дело.
Забрането е изразување на меѓуетничка нетрпеливост, дискриминација по родова или сексуална определба, како и злоупотреба на лични податоци на деца и лица кои се, биле или не се регистрирани на нашата веб-платформа.
Забрането е лажно претставување и објавување неточни податоци поврзани со игротеката или податоци за славеникот.
Забрането е користење на rodendenska.mk за пропагандни цели.
Забрането е користење на rodendenska.mk за какво било препродавање на производи и други услуги што не се поврзани со роденденска забава.
Забрането е поставување вируси и сите видови компјутерски кодови, датотеки и програми кои на каков било начин можат да ја оштетат веб-страницата или да ја преземат контролата над истата.
Одговорности
Нашите уредници и одговорните лица позади игротеките го задржуваат правото навредливите или лажните материјали да ги отстранат од веб-страната без претходно да го предупреди корисникот или објавувачот на игротеката.
Нашата платформа можете да ја користите информативно, како и за изнајмување термини и комуницирање со објавените игротеки и дополнителни услуги поврзани со истите.
Одговорноста за достапноста на слободните термини, уредувањето на цените за изнајмување и информациите за објавената игротека ја презема објавувачот или одговорното лице што ја креирало објавата и регистрацијата на локацијата (игротеката).
Вие самите носите одговорност за да ја проверите, изберете и побарате резервација за слободен термин во директна комуникација со обајвувачот на игротеката или со нашите администратори.
Плаќање и рефундирање
Рефундирање на уплатените средства е можно доколку обајвувачот се претставува во лажно име, се служи со измама и не е вистински претставник на објавената игротека.
Пред да уплатите капар или други уплати за изнајмување на терминот од игротеката треба да добиете потврда од одговорното лице дека терминот е слободен и достапен за резервација.
Нема ограничување колку однапред денови да се резервира термин и нема ограничување за изнајмување на бројот на достапни термини во еден ден.
Достапност и користење
Обврзани сте да ги почитувате законите и прописите. Содржината на апликацијата не смее да се модифицира, дистрибуира, репродуцира, продава и копира.
Платформата rodendenska.mk е достапна 24 часа, 7 дена во неделата. Вонредно, продажното место може да биде недостапно заради техничко одржување или поради непредвидливи околности кои се надвор од контролата на нашите администратори.
Со користењето на оваа веб-страница се согласувате, односно ги прифаќате одредбите од Условите на користење за корисник на www.rodendenska.mk. Доколку не се согласувате со политиката, Ве молиме да не ја користите веб-страницата и веднаш да ја напуштите.
Овие услови може да бидат променети во секое време и затоа Ве советуваме редовно да ја проверувате. Во некои случаи ќе бидете соодветно известени.
Ви треба помош?
Контактирајте не преку контакт страницата или на телефонскиот број 075 407 887.