The Nest Yard
Ние сме опуштено место во Скопје познато по својата пријатна и лежерна атмосфера. Имаме достапни маси на отворено за семејна дестинација која ги пречекува возрасните и децата. Нудиме многу активности за најмалите со посветено мени за деца. Сопствениците на домашни миленици ќе бидат задоволни кога знаат дека и на миленичињата им е дозволено да си играат надвор во нашиот двор.
Прославете го роденденот на вашето најмило кај нас со искористувајки го пакетот од 1-7 години возраст на детето.
Во цената е вклучено:
- Грицки и сокчиња за децата
- Прибор за деца и возрасни
- Две надворешни игралишта со реквизити и трамболини
- Одговорно лице за надгледување на децата
- Цртежи на лице, игри и други анимации
- Е-покани
Минимална конзумација е 6000МКД.
Напомена: Просторот во Nest Yard не се изнајмува ексклузивно, може да се избере следното:
- Резервација на затворената платформа која е дел од дворот или;
- Резервација на слободни маси во дворот.
Исто така имаме и можност за изнајмување на Yard Castle и Bubble House (за деца од 2 до 5 години).
Термините за родендени се следните:
- Пон – пет 17:30 – 19:30ч; 20:00 – 22:00ч.
- Саб – нед и празници 12:30 – 14:30ч; 15:00 – 17:00; 17:30 – 19:30ч; 20:00 – 22:00ч.
Нудиме и кетеринг мени, но може и да си нарачате по ваш избор.