Смешколенд
Сместени сме во комплексот Гарден Инн во Влае и веќе сме омилено место за семејна забава. Тука децата безбедно уживаат во игра, а родителите опуштено пијат кафе во пријатен амбиент. Просторот е дизајниран да нуди доволно место за детска игра и за сместување на возрасните, што ја прави игротеката идеална за дневни излегувања, дружења и прослави на родендени.
Родендени и прослави
Ние нудиме пакети за прослава на детски родендени со една од најдобрите понуди во градот, прилагодени за различен број деца и потреби на родителите. За секој роденден има уникатен поклон, со што прославата останува уште попосебна и незаборавна за славеникот.
Основен пакет
- Закуп на простор (4000 МКД)
- Минимум конзумација (6000 МКД)
- Неограниечно грицки и сокчиња за децата
- Анимација
- Електронска покана
- Достапен паркинг за сите гости
- Диско забава
- Поклон за славеникот
Слободна игра
Дневно мени 200 МКД за едно дете или 250 МКД за две дечиња, вклучува сокче за детето и кафе/сок за родителот. Ова е совршена комбинација за игра, дружба и уживање.
Со 5 доаѓања во слободна игра 6-тиот пат е гратис!
Отворени сме секој ден од 10:00 до 22:00 часот.